Алкалоид тргна со победа во плеј-офот, со една серија го реши Пролет

171

Македонскиот вицепрвак со победа стартуваше во плеј-офот во Супер-лигата. Избраниците на Кирил Лазаров со серија од 8-0, која ја почнаа во 20 минута, а ја завршија на почетокот на второто полувреме дојдоа до триумф над Пролет на гостински терен од 17-22.

Избраниците на Александар Јовиќ добро го почнаа мечот, поведоа со 3-1, па 6-3 и 8-5, а по последните плус три (9-6) во 19 минута застанаа. Во овој момент почна серијата на Алкалоид од 8-0 за водство од 9-14 во 38 минута. Токму во овој дел од мечот Пролет после долго време го постигна првиот гол, по онаа 19-та минута.

Лазаров и неговите момци веќе фатија ритам, па поведоа и со 10-16 на средината на второто полувреме. Сето ова беше доволно за мирна завршница и сигурна победа/

ПретходноСудиите тотално неспремни, многу не положија
СледноЗа Елмас дваесетина минути: Лајпциг само до бод кај Аугсбург!