Баерн надигран: Чаби Алонсо и „фармацевтите“ одиграа меч за титула!

278

Фудбалерите на Чаби Алонсо вечерва ја извојуваа најважната победа сезонава во Бундеслигата. Баер (Л) на домашен терен со 3:0 го порази досега неприкосновениот шампион Баерн (М) и се одвои со пет бода предност на врвот на табелата.

Директнот дуел одигран вечерва во Леверкузен, може да се покаже како клучен во борбата за шампионскиот трофеј. Фантастичните „фармацевти“ предводени од шпанскиот стратег покажаа зошто сезонава играат најдобар фудбал во Германија. Со голот на Станишиќ уште во 18. минута поведоа со 1:0, а на самиот почеток на вториот дел Гримално веќе зголеми и на 2:0.

Печат на големата победа стави Фримпонг со голот во 95. минута. За доминацијата на Баер (Л) доволно зборува и фактот што баварците шутнаа само еднаш во рамките на голот на домашните.

 

ПретходноРеал ја „нокаутираше“ Џирона и силно зачекори кон титулата
СледноУбава вест од Франција: Ива Младеновска утре ќе дебитира во Лигата на шампиони