Битолчани со одличен потег: Популарни цени за Купот на Македонија

231

После долго време Купот на Македонија кој го носи името на кошаркарската легенда „Благоја Георгиевски Буштур“ ќе се одржи надвор од Скопје. Домаќин е Пелистер, Биола од 15. до 17. февруари ќе биде во центарот на вниманието.

Домаќинот одлучи да направи вистински празник на кошаркарката, па цените на билетите ги направи популарни. За 300 денари ќе може да се проследат сите седум натпревари во „Боро Чурлевски“ аренат, додека пак дневен билет за четвртфиналните и полуфиналните мечеви ќе изнесува 100 денари. Билетот за финалето исто ќе изнесува 100 денари.

12.00: МЗТ Скопје Аеродром – Гостивар
14.30: Еуро Никел“ – Чаир 2030
17.00: Работнички – ТФТ Моцарт
19.30: Пелистер – Феникс 2010

Билетите ќе се продаваат во спортската сала „Боро Чурлевски“ во вторник и во среда, како и на денот на натпреварите.

ПретходноУспешна “генералка“ за шампионот: Струга ТЛ убедлива против Караорман!
СледноПелистер со многу мака до победа против Феникс 2010!