Вардар издржа едно полувреме во Битола, Пелистер убедлив на дербито!

420

Дербито на стартот на плеј-офот во Супер-лигата заврши со победа на Пелистер, го совлада Вардар со 27-21. Со овие бодови, актуелниот македонски првак изби на табелата пред вечниот ривал, сега има предност од еден гол.

Филип Кузмановски со осум погодоци беше прв стрелец кај битолчани, седум постигна Словенецот Тајник, а четири неговиот сонародник Нејт Цехте. Во таборот на Вардар најефикасни беа Николиќ со пет и Лазаревски со четири погодоци.

Вардар за разлика од претходната средба го немаше Јапонецот Јасухира, кој е повреден, додека на другата страна актуелниот македонски првак во второто полувреме максимално ја искористи својата доминација и сила.

И двата тима влегоа силно мотивирано на оваа средба. Во салата „Боро Чурлевски“ беше вистински пекол, не само за гостинските ракометари, туку и за домашните, едноставно не се дишеше.

Вардар преку Николиќ го отвори мечот (0-1), држеше предност до 11 минута кога по одбрана на Гедбан и загубена топката на Карапалевски, Цехсе со два гола го донесе првото водство на својот тим од 4-3. Сепак неизвеноста продолжи, се играш гол за гол, со тоа што од 19 минута до 25 минута двата тима влегоа во серија на грешки, па ракометот во овој период не беше убав за очи. Прв оваа серија ја прекина Срдановиќ за 8-9, Кузмановски веднаш врати. На одморот резултатот беше 10-10. Томовски имаше четири одбрани, една од седум метри додека Гедбан само една.

Кузмановски отвори од седум метри за 11-10. Јагуриноски израмни на 11-11. Томовски му фати пенал на Кузмановски, па запиша нова одбрана, вкупно седма. Лазаревски го врати водството на 11-12 во 35 минута. Од овој момент се променија работите на теренот (5-1 серија за Пелистер). Кузмановски, Тајник и Васиљев успеаја да зголемат на 16-13 во 41 минута. Вардар се комплетираше, намали на 16-14,  Родригез не реализираше зицер, бидејќи Лесјак го прочита.

Пелистер имаше шанса да зголеми на плус четири при 17-14 тајник, Томовски запиша нова одбрана. Лазаревски се повреди на средината на второто полувреме, и се чини бројот почна да тоне, со два нови гола на Кузмановски и Кузманоски Пелистер зголеми на 19-14 во 47 минута.

Николиќ го прекина налетот на противникот за 19-15. Сепак ова беше далеку од доволно, битолчани одржуваа предност од четири до пет гола. На другата страна „црвено-црните“ се обидуваа да ја нарушат стабилноста на противникот, но тоа одеше тешко, бидејќи ракометарите на Пелистер имаа максимална поддршка од трибините.

На останатите средби Тиквеш го совлада тимот на Струга со 32-25, додека ГРК Охрид со цел плен си замина од Скопје, го совлада Бутел со 29-30.

ПретходноГвардиола во својата кариера му се извинил само на еден играч!
СледноШампионот со скратен состав до нова победа, ФМП ја доби драмата со Вардар