Гвардиола во својата кариера му се извинил само на еден играч!

6344

Познато е дека Пеп Гвардиола веројатно е најдобриот тренер во историјата на фудбалот. Стратег, тренер, менаџер кој секогаш бара од своите играчи повеќе и повеќе и секогаш сака да биде по негово.

Интересно е тоа што во својата тренерска кариера тој му се извинил само на еден играч, а тоа Серхио Агуеро, некогашната ѕвезда на Манчестер Сити, икона на овој клуб како и на репрезентацијата на Аргентина. Агуеро мораше предвреме да ја заврши својата кариера во Барселона и тоа поради проблеми со срцето.

Постигнав два гола за Сити против Стоук а на пресот по мечот Пеп беше лут. Јас не можев да верувам што збори. Рече дека е добро што сум дал два гола, но на теренот сум морал повеќе да работам. Јас бев шокиран. Затоа утредента отидов во неговата канцеларија да побарам објаснување. Во тој разговор Пеп ми се извини“ истакна Агуеро.

ПретходноТФТ и Чаир со победи на гостувањата во Гостивар и Гевгелија
СледноВардар издржа едно полувреме во Битола, Пелистер убедлив на дербито!