Демант од Италија: Конте никогаш не се понудил, тој сака да води само еден тим!

1683

Иако каталонските медиуми објавија дека Антонио Конте и се понудил на Барселона, од Италија веднаш ја демантираа веста.

Според информациите од Апенините, Конте не размислувал за Барселона, бидејќи веќе извесно време е во преговори со Милан.

Конте веќе го одби Наполи, Аурелио Де Лаурентис сезонава двапати му понуди работа, но Италијанецот оцени дека Неапол не е вистинската средина за него.

Конте го чека расплетот на „Сан Сиро“, се шпекулира дека Пиоли би можел да замине во Наполи на крајот од сезоната, тогаш целосно би било јасно дека првиот пик би бил поранешниот тренер на Јуве, Интер и Тотенхем.

Златан Ибрахимовиќ веќе некое време работи на доаѓањето на Антонио Конте, па тоа треба да се следи во наредните месеци.

Што се однесува до Барса, Конте никогаш не бил опција поради неговата филозофија, засега прв кандидат е Ханси Флик.

ПретходноМурињо: Кој може да каже дека бил тренер на Меси? Тоа е апсурдно!
СледноТрикратната олимписка шампионка ја завршува кариерата по ЛОИ во Париз