Бојан Миовски е веќе голема ѕвезда во Шкотска. Голгетерот на Абердин денеска со два нови гола му донесе нов триумф на својот тим, а со тоа и нова радост на навивачите.
Тие, пак, несебично му даваат голема поддршка од трибиноте. На излегување од игра ма денешниот куп-натпревар, Мио ми го подари дресот на еден од најмладите навивачи на Абердин кој имаше специјално подготвен транспарент со специјално барање за нашиот репрезентативец.