Последниве неколку дена во Кичево се одржува редовниот судиски семинар на кој арбитрите во земјава ги полагаа задолжителните норми пред стартот на пролетниот дел од шампионатот.
Долга пауза, многу празници и малку активности. Многу од судиите не го положија испитот а ова посебно важи за прволигашките и искусни судии. Па така пауза од еден месец и шанса за поправен ќе бараат Крумислав Ѓоргиев од Штип, Јосип Бартон од Скопје, Фуркан Идризи од Тетово, Лековски од Битола, Илијоски од Прилеп, Иванов од Велес, Стојановски од Кичево… Според она што го дознаваме од здравствени причини не трчале интернационалците Александар Ставрев и Јован Качевски кои ќе имаат право за судење од следната недела затоа што ги имаат положено ФИФА тестовите за кондиција. Многу од арбитрите и на помошната листа не ги поминаа тестовите а судиите кои во 2024 година ќе бидат интернационалци ги добија амблемите на ФИФА. Доаѓа стартот на шампионатот а пред секое коло сите се фокусирани околу тоа кој каде ќе ја дели правдата Она што се знае е тоа дека од следната сезона и во Македонија ќе има ВАР.