Тежок пораз за Нагетс: Литванецот го надигра и го прескокна Јокиќ (ВИДЕО)

425

НБА првакот Денвер Нагетс претрпе тежок пораз во Сакраменто 135:106, а центарот на Кингс, Домантас Сабонис во директна пресметка со Никола Јокиќ оствари трипл-дабл и се најде на првото место по број на трипл-дабл бројки оваа сезона. Јокиќ недостигаа два скока и три асистенции, но не играше во последната четвртина бидејќи натпреварот веќе беше загубен.

Јокиќ вечерта ја заврши со 23 поени, осум скока, седум асистенции и три украдени топки. На другата страна целиот тим на Сакраменто беше расположен. Дури девет играчи постигнаа барем една тројка, а тимот погоди 17 од 34. Малик Монк постигна 23 поени, но вистинска ѕвезда беше Литванецот.

Заедно со 17 поени, Сабонис имаше исто толку скокови и 10 асистенции, постигнувајќи го својот 16-ти трипл-дабл сезонава и издвојувајќи се на врвот пред Јокиќ, кој остана со 15, Лука Дончиќ има девет.

Со овој пораз Денвер падна на четвртото место на Западот (36-17), но всушност има само еден пораз повеќе од водечката Минесота, па битката за врвот на Западот е целосно отворена. Кралевите имаат 30-21 зад водечките четири, се надеваат дека ќе ги заземат преостанатите две директни места во плејофот.

На останатите средби Лејкерс го победија Њу Орлеанс со 139-122, Атланта славеше на гости со Филаделфија со 127-121, Бостон го победи Вашингтон со 1330129, Торонто славеше против Хјустон со 107-104, Милвоки го порази Шарлот со 120-84.

ПретходноДодека Роналдо играше во Интер неговата сопруга била во “врска“ со негов соиграч!
СледноМодриќ е уморен од лаги, донел одлука за новиот тим!