Струга Трим Лум, тимот кој во пролетниот дел до сезоната ќе ја брани титулата во ПМФЛ, денеска имаше успешна “генералка“. Шампионот во пријателски меч убедливо славеше против Караорман со 4:1. Составот на стратегот Шпетим Дуро, уште еднаш покажа дека е во одлична форма и дека пролетиот дел од сезоната ќе го дочека максимално подготвен.
Инаку стрелци за Струга Трим Лум на денешениот меч со Караорман беа Ибраими два, Радески и Компаоре.