Халанд со два гола го урна Евертон! (ВИДЕО)

101

Манчестер Сити – Евертон 2:0 е епилогот од мечот од 24.коло во Премиерлигата. Гостите од Ливерпул добро се држеа се до 71.минута, одиграа одлично во одбраната, и тоа им создаде нервоза на “граѓаните“, но сепак европскиот првак го има во своите редови Ерлинг Халанд, кој по долго време, повеќе од два месеци во Премиерлигата се радуваше на гол, поточно на два гола.

Прво во 71.минута по асистенција на Аке донесе водство, за да во 85.минута по додавањето на Де Брујне успеа да ги постави конечните 2:0 за Манчестер Сити.

Со оваа победа сега тимот на Пеп Гвардиола изби на првото место со 52 бода, еден повеќе од Ливерпул и три од Арсенал.

ПретходноМихаил Бришки е новото засилување за Вардар
СледноПријателски: Брегалница го декласира Кожув, Гостивар го победи Тиквеш!