Македонскиот голман Дени Илиев беше маестрален на голот на Сараево во триумфот на пенали на гости кај Слобода Тузла. Во регуларниот дел беше 1:1, а победникот потоа се бараше преку пеналите. Илиев им одбрани пенали на Хаџановиќ и на Јуларџија. Кај Сараево само еден играч погреши во пенал-серијата.
Конечно 4:3 за Сараево. Ова беа први минути на Илив во „бордо“ тимот затоа што зимоска дојде на „Кошево“.
„Моите први 90 минути и еден чекор поблиску до целта. Ви благодарам на поддршката од навивачите и се гледаме на Кошево. Одиме понатаму Сараево“, порача Илиев.