Македонските интернационалци во турската второлигашка конкуренција, Лука Станковски и Даниел Аврамовски запишаа по една асистенција за своите нови клубови оваа пролет.
Станковски во првиот настап за Тузласпор, откако влезе од клупата во 37. минута на гостувањето кај Аданаспор, во 39. минута асистираше за водство од 0:1. Сепак до крајот, Тузласпор загуби со 2:1.
Болуспор на Даниел Аврамовски одигра 1:1 дома против Кочаелиспор, а популарниот Цујо нафрли во гостинскиот шеснаесетник во 32. минута, за израмнувачкиот гол за домашните.
&
🇹🇷 Goal: Veaceslav Posmac score a equalizer goal
| Boluspor 1-1 Kocaelispor !! pic.twitter.com/ii9QDecTs5
— Heaven Football (@heavenfootball_) February 11, 2024
;