Разигрувањето за титулата во македонскиот шампионат официјално стартуваше вчера. Во првото коло во центарот се најдоа вечните ривали, Пелистер и Вардар. Актуелниот македонски првак на домашен терен го совлада скопскиот состав со убедливи 27-21 благодарение на добрата игра во второто полувреме.
Со овој триумф битолчани го симнаа својот конкурент на петтото место. Сега Вардар има три бода (оние кои ги пренесе од првиот дел) и се наоѓа над бод зад Тиквеш, два зад Охрид и Пелистер и дури три зад вицепрвакот, Алкалоид, кој има шест бодови и се наоѓа на првото место на табелата.
Во следното коло не очекуваат исто интересни натпревари, па се чини до самиот крај битката за тронот ќе биде доста интересна.