Аталанта ја нокаутира Џенова и се врати во топ 4

50

 

Четврта победа по ред на Аталанта и скок на четвртото место на табелата во Серија А. Вечерва, фудбалерите на Аталанта славеа победа со 4:1 на гостувањето кај Џенова. Де Кетеларе го отвори резултатот во 22 минута. Изедначи Малиновски во 51 минута, а четири минути подоцна Копмеинерс повторно ја доведе Аталанта во предност.

Во финишот на мечот, поточно во судиското продолжение Запакоста и Ел Билал Туре го поставија конечниот резултат. Ел Билал го постигна дебитантскиот гол во дресот на Аталанта.

 

ПретходноЈунајтед славеше на „Вила парк“ и врза три победи по ред
СледноИсак Ромеро е херојот, Севиља по три години се израдува на победа над Атлетико