Нова лоша партија и повторно загубени бодови за Барселона. Каталонскиот тим одигра 3:3 против Гранада и што е интересно два пати губеше од нив.
Поведе Барса со гол на Ламин Јамал во 14. минута, а изедначи Санчез во финишот на првото полувреме. Во 60 минута гостите доаѓаат во предност со гол на Пелистри, а три минути подоцна каталонската екипа изедначива преку Левандовски.
Веднаш потоа Гранада повторно води, а стрелец Мигуел. Во 81 минута Јамал со својот втор гол на мечот спаси бод за својата екипа.
Барселона има 51 бод, а ова и е шесто реми сезонава по 24 меча. Гранада е претпоследна со 13 бодови и седмо реми сезонава.