Брегот на Слоновата Коска е шампион на Африка!

485

Репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска трет пат во историјата е шампион на Африка. По титулите во 1992 и во 2015 година, „слоновите“ триумфираа и оваа година на шампионатот кој се одигра кај нив. Во финалето во Абиџан, БС Коска ја совлада Нигерија со 2:1.

Нигерија дојде во водство во 38 минута, а стрелец беше Трост-Екинг кој постигна гол со глава. „Слоновите“ направија пресврт во второто полувреме. Во 62. минута Кеси одлично реагираше по центаршут и со глава ја погоди мрежата.

Во 81 минута Адингра центрираше, а напаѓачот Себастијан Але постигна спектакуларен гол. Топката заврши во аголот од голот и голманот само го следеше патот на топката.

Да потсетиме БС Коска едвај ја поминаа групата. Имаа една победа во првото коло, а потоа впишаа порази од Нигерија и од Екваторијална Гвинеја. Потоа го исфрлија Сенегал на пенали, па славеа над Мали со 2:1 во драматичен меч во кој прво се изедначија во 90 минута, а потоа триумфираа со гол во продолженијата. Го победија минимално ДР Конго и стигнаа до финале и реванш со Нигерија.

ПретходноБарселона не успеа да ја победи претпоследната екипа во Ла Лига
СледноГолема трагедија: Во собраќајна несреќа загина светскиот рекордер во маратон