Поранешниот македонски селектор, Данило Брестовац направи бум во шампионатот во Саудиска Арабија. После триумфот во тамошниот Куп, Брестовац и неговиот Ал Сафа запишаа нова и тоа не било каква победа.
Овој пат му гостуваа на актуелниот првак, Ал Калеј во меч од првенството во оваа земја. Пред полни трибини, во доста неизвесен натпревар Брестовац и неговите момци славеа со 25-23 и му го нанесоа првиот пораз на бранителот на титулата после една година. Ал Калеј е актуелен првак и во азискиот шампионат.
На клупата на Ал Сафа, како помошник на Брестовац е Алексо Лембанов.