Вардар ја победи Саса, по два гола на Швајц и Нвачукву

1586

Фудбалерите на Вардар имаа успешна генерална проба пред стартот на вториот дел од домашната прволигашка сезона. На денешниот пријателски меч против Каменица Саса, избраниците на Горазд Михаилов славеа со 4:1, иако гостите имаа предност по првиот дел.

Второлигашот од Македонска Каменица поведе со голот на Алиев и на пауза замина со предност од 1:0. Вардар го засили темпото уште од стартот на второто полувреме, па со двата гола на Марјан Ристовски и уште два на новото нигериско засилување Проспер Обиора Нвачукви, 20-годишен напаѓач кој досега настапуваше за словенечкиот второлигаш Јадран.

ПретходноСупербол спектакл во Лас Вегас: Рекордна гледаност, билети по 10.000 долари и меч за историја!
СледноДетонит Плачковица го победи Силекс во Кратово