Дени Илиев одбрани два пенали, Сараево со триумф во Купот

752

Македонскиот голман Дени Илиев беше маестрален на голот на Сараево во триумфот на пенали на гости кај Слобода Тузла. Во регуларниот дел беше 1:1, а победникот потоа се бараше преку пеналите. Илиев им одбрани пенали на Хаџановиќ и на Јуларџија. Кај Сараево само еден играч погреши во пенал-серијата.

Конечно 4:3 за Сараево. Ова беа први минути на Илив во „бордо“ тимот затоа што зимоска дојде на „Кошево“.

„Моите први 90 минути и еден чекор поблиску до целта. Ви благодарам на поддршката од навивачите и се гледаме на Кошево. Одиме понатаму Сараево“, порача Илиев.

ПретходноМајорка со гол во 90 минута ги порази Рајо и Димитриевски
СледноФановите на Манчестер Ј. наскоро ќе можат да ги гледаат натпреварите од перспектива на играчите на теренот