Второлигашот Детонит Плачковица славеше со 1:0 на денешниот контролен меч во Кратово против прволигашот Силекс. Тимот кој есента ја заврши на втората позиција на табелата во Втората лига, потврди низ подготвителниот период дека е „печен“ за прволигашки фудбал.
Покрај денешната победа над Силекс, фудбалерите на Детонит Плачковица во овој зимски подготвителен период славеа и на дуелот со Тиквеш, а одигра нерешено и со Брегалница.
Сега останува квалитетот да го потврдат и на официјалните дуели.