Голден Стејт благодарение на Стеф Кари и неговата тројка славеше против Феникс со 113-112.
STEPH MF CURRY CLUTCH.
— Hoop Central (@TheHoopCentral) February 11, 2024
Ова беше меч во кој центарот на вниманието беше насочено кој Јусуф Нукиќ и Дрејмонд Грин. Овој пат немаше нокаут од страна на Американецот, но затоа паднаа тешки зборови на двете страни.
Draymond Green and Jusuf Nurkic going at it early 🍿
📺 ABC pic.twitter.com/qs30y7V3PW
— ESPN (@espn) February 11, 2024
Грин, како и секогаш, одигра многу цврста одбрана. Овој пат Нуркиќ реши да му одговори и по еден фаул под кошот беа разменети неколку зборови очи во очи.
За среќа, остатокот од тимот брзо реагираше и ги смири страстите. Сепак, малку подоцна следуваше уште еден жесток дуел во кој Јусуф беше фаулиран во нападот, а Грин навистина знаеше како да го прослави.
No Love Detected Between Jusuf Nurkic And Draymond Green 😆 pic.twitter.com/sCYoifbexI
— Ultimate Sports & Entertainment (@Ultimatesport5) February 11, 2024
Јусуф Нуркиќ на теренот мина 29 минути и имаше шест поени, шест скока и три асистенции. Девин Букер ги предводеше Санс со 32 поени на овој меч, Кевин Дурент имаше 24, а Стивен Кари постигна 30 поени за победничкиот тим на Вориорс.
Резултати: Далас – Оклахома 146:111, ЛА Клиперс – Детроит 112:106, Бруклин – Сан Антонио 123:103, Шарлот – Мемфис 115:106, Орландо – Чикаго 114:108, Вашингтон – Филаделфија 113:119, Атланта – Хјустон 122:113, Њујорк – Индијана 111:125, Торонто – Кливленд 95:119, Портланд – Њу Орлеанс 84:93.