Загрижувачки вести од Србија: Кариерата на Додиќ е под знак прашалник, преку ноќ загубил дел од мускулот

6824

Само што заигра во црвено-белиот дрес, еден од најголемите таленти на српскиот ракомет Стефан Додиќ мораше повторно да го напушти теренот. Од таборот на Војводина доаѓаат тажни вест за ракометарот кој се промовира во дресот на Металург, а играше за уште неколку македонски екипи. Стефан Додиќ со месеци се опоравуваше од проблемите со коленото, а сега веќе се соочува со нов проблем.

„Додиќ утрово стана и изгуби дел од мускулот. Никој не знае зошто, зошто. Тој изгубил 30 отсто од мускулот. Навистина сум шокиран и цел ден бев нервозен и многу тажен. Мислам дека тоа дете требаше да биде некој што ќе ги носи нашата репрезентација и Војводина во наредните сезони. Тој беше моја голема желба и во претходните години. Бев во шок кога фитнес тренерот ми се јави и ми го кажа ова. Знам дека сите ние во клубот ќе направиме се, дека ќе ги посетиме сите лекари, ширум Европа, за да видиме која е вистинската дијагноза. Веројатно до сега не беше вистинската. Доби зелено светло за игра и…“, изјави Ројевиќ, кој дададе:  „Не знам што ќе се случи со него и неговата кариера.

ПретходноБрестовац го реши првакот на С.Арабија кој беше без пораз една година
СледноИзвршниот директор на Баерн ги откри плановите за Тухел по тешкиот пораз!