Францускиот тенисер Уго Умбер триумфираше на домашен терен, на АТП турнирот во Марсеј откако во финалето го победи Григор Димитров со 6:4 и 6:3. Тоа е петти трофеј на Умбер во кариерата во петтото свое АТП финале со 100% успех. Тој беше најдобар на турнирите во Оукленд (2020), Антверпен (2020), Хале (2021), Мец (2023) и Марсеј (2024).
Елена Рибакина го освои трофејот во Абу Даби, ОАЕ. Таа ја победи Дарина Касаткина со 6:1 и 6:2. А чешката тенисерка Каролина Плишкова си замина со трофејот во Клуж-Напока, Романија по триумф во финалето над домашната тенисерка Ана Богдан со 6:4 и 6:3.