Викендов се одиграа мечевите од некомплетното 2. коло во плеј-оф и плеј-аут зоната во домашното првенство во машка конкуренција. Во рамките на плеј-офот исклучително вредна победа за одбојкарите на Универзитет во Тетово кој на екипата на Лирија веќе и го нанесоа и вториот пораз од стартот на Втората фаза од натпреварите во првенството. Во четири неизвесни сета, Универзитет во Тетово славеше над градскиот ривал со 3:1. Без поголеми проблеми екипата на Работнички 71&22 со максимални 3:0 славеше на гостувањето против Весна Пробиштип.
Во рамките на плеј-аут делот фантастично возбудлив меч одиграа екипите на Сушево и Вардар. Скопските „црвено-црни“ по голема борба на теренот славеа во пет сета со 2:3 и ја остварија втората победа оваа сезона. Извонредно издание на овој меч имаше засилувањето за Вардар, Немања Пантиќ, кој реализирааше 31 поен.
Пет сета се одиграа и во Струмица на мечот меѓу Македонија Џио и Јанта Волеј, каде домашните успеаја да ја извојуваат првата премиерна победа во актуелната сезона. Младите одбојкари на Џио славеа со 3:2. Максимална победа обезбеди екипата на Шкендија која е убедливо прва на табелата во Втората фаза-2.
Прва лига (мажи), Втора фаза-1, 2. коло
Весна Пробиштип – Работнички 71&22 0:3 (22:25, 14:25, 15:22)
Универзитет во Тетово – Лирија 3:1 (25:23, 25:21, 19:25, 25:22)
Струмица 47&71 – Штип УГД (19 февруари, 19.00)
ТАБЕЛА ПЛЕЈ-ОФ: 1. СТРУМИЦА (36); 2. Штип УДГ (30); 3. Работнички 71&22 (30); 4. Лирија (25); 5. Универзитет во Тетово (24); 6. Весна Пробиштип (21).
Прва лига (мажи), Втора фаза-2, 2. коло
Македонија Џио – Јанта волеј 3:2 (26:24, 21:25, 23:25, 25:18, 15:10)
Шкендија – ГОК Борец 3:0 (25:16, 25:14, 25:21)
Сушево – Вардар 2:3 (25:17, 21:25, 25:19, 14:25, 12:15)
ТАБЕЛА ПЛЕЈ-АУТ: 1. Шкендија (22); 2. ГОК Борец (15); 3. Сушево (13); 4. Јанта Волеј (8); 5. Вардар (5); 6. Македонија Џио (2).