По една деценија Милан слави победа над Наполи на домашен терен

189

Екипата на Милан го совлада шампионот Наполи со 1:0 во меч од 24 коло на италијанската Серија А. „Росонерите“ ја впишаа 15-тата победа сезонава, а голот на одлука падна во првото полувреме, поточно во 25 минута. Тоа беше асистенција на Рафаел Леао, а Тео Хернандез излезе сам пред противничкиот голман и го совлада.

Во второто полувреме Флоренци можеше да одбележи втор гол за Милан, но Голини одбрани. Наполи имаше шанса преку Кварацкелија но Флоренци ја исчисти ситуацијата. Во 60 минута ударот на Политано заврши покрај голот, а две минути подоцна Голини брани удар на Ернандез по корнер. Во финишот Јан-Карло Симиќ можеше да си впише автогол, но пречката го спаси голот на „росонерите“. Последниот шут на Џовани Ди Лоренцо, Мањан ја исфрли топката во корнер. По неговото изведување гостите бараа пенал поради наводно игра со рака, но ВАР покажа дека се било регуларно.

Наполи е непрепознатлив сезонава. Актуелниот првак е дури на 9-тото место на табелата со осум порази и „само“ 35 бода и е далеку од Топ 4 местата кои водат во ЛШ.

Милан после 10 години славеше победа над Наполи на „Сан Сиро“ во натпревар од Серија А.

ПретходноДемир Имери направи трансфер во клуб од Узбекистан
СледноБарселона не успеа да ја победи претпоследната екипа во Ла Лига