Самарџиев ги реши „своите“, Работнички ја доби драмата во Кавадарци

149

Еуро Никел и Работнички одиграа крајно неизвесен натпревар. Драмата во салата „Јасмин“ им припадна на „црвено-белите“ кои славеа со 91-92. Ова беше 13-та победа за Работнички оваа сезона и со истата ќе се искачи на второто место на табелата зад МЗТ Скопје.

Избраниците на Горан Самарџиев на 3:41 до крајот водеа со 79-86 по двата поени на Трис, но на другата страна кавадарчани благодарение на Младеновиќ, а потоа на Дубински и неговата тројка изедначија на 88-88. Трис успеа да зголеми на 88-90, а домаќинот не реализира за ново изедначување.

Три реализираше едно слободно фрлања за 88-92, додека Дубински на другата страна со тројка успеа само да намали и на 91-92 и да го постави конечниот резултат.

Трис со 27 поени и 10 асистенции беше човекот од одлука во финишот, зад него беше Декоси со 21 поен, 18 поени и 14 скока имаше Рикиќ. На другата страна Смит Меквин имаше 29 поени, додека Дубински 19 поени и 9 асистенции.

ПретходноИва Младеновска дебитираше во Лигата на шампиони
СледноЈунајтед славеше на „Вила парк“ и врза три победи по ред