Словенечкиот ски скокач Ловро Кос го имаше најдобриот настап во кариерата во ски скоковите во Светскиот куп. Словенецот триумфираше во саботата (со скокови од 123,5 метри и 125 метри) пред Кобајаши и Мариус Линдвик. Тоа е негова прва победа во кариерата во елитното натпреварување. А во неделата исто така имаше супер настап, доволно за второ место на подиумот. Тој го подели второто место со Филип Рајмунд од Германија, а првото место го освои Стефан Крафт од Австрија (скокови од 130,5 метри и 126 метри) кој ја забележа деветтата победа сезонава во СК.
Следните скокови се во Сапоро на 17 и 18 февруари.
Во генералниот пласман води Крафт со 1236 поени пред Велингер со 1027 и Кобајаши со 1021.