Супер засилување за Шкендија – Решат Рамадани се враќа во „црвено-црниот“ дрес

906

 

Шкендија објави дека постигнале договор со Динамо Киев за позајмица на Решат Рамадани во тетовскиот тим до крајот на сезоната. Рамадани се пресели од Шкендија во Динамо Киев пред една година, а сега се враќа да му помогне на својот тим во трката по титулата во домашното првенство.

Договорот бил постигнат за време на меѓусебниот пријателски натпревар одигран во Анталија кој заврши без победник 1-1. После истекот на позајмицата, Рамадани треба да се врати во Динамо.

 

ПретходноНоле на скијање во Италија пред заминувањето на Индијан Велс (ФОТО)
СледноМистер финале – Умбер го освои петтиот трофеј во петтото АТП финале