Фјури vs. Усик на 18 мај, ако некој откаже ќе плати „пенали“ од 10 милиони евра!

131

По објавувањето на вестите за одложување на боксерскиот спектакл меѓу Фјури и Усик кој требаше да се одржи на 17 февруари, веќе беше потврден нов датум за борбата. Организаторите во Саудиска Арабија го објавија новиот термин за дуелот, а тоа е 18 мај, но исто така објавија и дел од рестриктивните казни доколку некој од боксерите и по вторпат ја откаже борбата.

Саудијците потврдија дека и двајцата боксери ќе загубат по 10 милиони долари ако се повлечат од борната на 18 мај. Исто така, организаторите го задржуваат правото да донесат нов боксер како замена за тој што ќе се повлече. Во Англија веќе се шпекулира дека прва замена на листата е Ентони Џошуа.

Сепак, Џошуа најпрво треба да се соочи со Френсис Нгану на 8 март, при што многумина веруваат дека ова може да биде и пребрзо за тој да се бори со Фјури или Усик. Сепак, неговиот промотор Еди Херн изјави дека Ентони и неговиот тим ќе бидат подготвени на се.

ПретходноХрватска закажа четвртфинале со Србија на СП во ватерполо
СледноНавивач на ФК Партизан му ја понудил сопствената сопруга на одличниот напаѓач