Хрватска закажа четвртфинале со Србија на СП во ватерполо

176

Ватерполо репрезентациите на Хрватска и Србија ќе се сретнат во четвртфиналето на Светското првенство во Доха. Утрово во првиот осминафинален дуел Хрватска ја победи Кина со 22-4 и закажа четвртфинале со Србија.

Хрватите немаа проблеми со Кинезите, па за нив вистински тест на квалитетот ќе биде четвртфиналето.

Денеска ќе се одиграат уште четири осминафинални дуели по кои ќе бидат комплетирани сите двојки за четвртфиналната програма.

ПретходноУрбан Лесјак со потег за најавни шпици (ВИДЕО)
СледноФјури vs. Усик на 18 мај, ако некој откаже ќе плати „пенали“ од 10 милиони евра!