Јунајтед славеше на „Вила парк“ и врза три победи по ред

101

Во рамките на 24 коло на англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед славеше на гостувањето кај Астон Вила со 1:2. Домашните во 13. минута се спасија од шутот на Хојлунд, но четири минути подоцна Данецот погоди по корнер на својата екипа. Во продолжение Онана брани неколку шанси за Вила, удари на Воткинс, Џејкоб Ремси и Мекгин.

Во 67 минута Даглас Луиз изедначува, во 77 минута истиот играч имаше нова шанса но Онана одбрани. Во 86 минута Мектоминеј со глава ја затресе мрежата за победа на Јунајтед.

„Ѓаволите“ се шести на табелата со 41 бод, а Астон Вила позиција над со 46.

ПретходноСамарџиев ги реши „своите“, Работнички ја доби драмата во Кавадарци
СледноАталанта ја нокаутира Џенова и се врати во топ 4