Андонова даде гол за победа, па заврши во болница поради повреда

111

Со гол на Наташа Андонова екипата на Леванте славеше победа од 1:0 над Тенерифе во шпанското првеснство. Андонова во 43 минута се најде на вистинското место по одбиената топка од голманката и ја смести топката во мрежата. Но македонската репрезентативка добила удар со топка во главата поради што таа била однесена во болница и е во стабилна состоjба.

Инаку Андонова втор меч по ред постигнува гол, пред некој ден реализираше во поразот од Сосиедад од 1:2.

ПретходноИсак Ромеро е херојот, Севиља по три години се израдува на победа над Атлетико
СледноНоле на скијање во Италија пред заминувањето на Индијан Велс (ФОТО)