Извршниот директор на Баерн ги откри плановите за Тухел по тешкиот пораз!

1148

Томас Тухел е сигурен на тренерското место во Баерн Минхен и покрај тешкиот пораз од Баер Леверкузан од 0-3. Баварскиот гигант после овој натпревар е на пет бода зад конкурентот, кој целосно го надигра, не му дозволи да создава шанси.

И покрај овој факт извршниот директор на клубот Јан-Кристијан Дрисен изјави дека нема да има промени на клупата на Баерн.

„Ништо не се менува“, одговори Дрисен на прашањето на „Скај“ за евентуалниот отказ на тренерот.

„Заслуживме да загубиме бидејќи Леверкузен едноставно беше подобар. Мора да го прифатиме она што се случи. Инаку, добро почнавме, но потоа излеговме од средбата. Доброто е што има уште 13 кола и да се надеваме дека Баер ќе греши“, додаде газдата на Баварците.

ПретходноЗагрижувачки вести од Србија: Кариерата на Додиќ е под знак прашалник, преку ноќ загубил дел од мускулот
СледноКошаркар од Бахами е ново засилување на Еуро Никел