Столе Димитриевски бранеше 90 минути на голот на Рајо Ваљекано во поразот на гостувањето кај Мајорка во 24 коло на Ла Лига. По првото полувреме немаше погодоци, а само што почна вториот дел Санчез погоди за водство на домашните. Рајо изедначи преку Гарсија по големата грешка на дефанзивците, а кога се чинеше дека екипите ќе си поделат по бод се затресе мрежата.
По нафрлување на Родригез, топката дојде до Ведад Муриќи кој со глава го совлада македонскиот голман.
Рајо е 14-ти на табелата со 24 бода, а има три порази по ред односно пет меча по ред нема победа. Мајорка е веднаш зад нив со бод помалку.
Vedat Muriqi scored in last moments!pic.twitter.com/37zPbGKkDG
— FootColic ⚽️ (@FootColic) February 11, 2024