Шкендија објави дека постигнале договор со Динамо Киев за позајмица на Решат Рамадани во тетовскиот тим до крајот на сезоната. Рамадани се пресели од Шкендија во Динамо Киев пред една година, а сега се враќа да му помогне на својот тим во трката по титулата во домашното првенство.
Договорот бил постигнат за време на меѓусебниот пријателски натпревар одигран во Анталија кој заврши без победник 1-1. После истекот на позајмицата, Рамадани треба да се врати во Динамо.