Фановите на Манчестер Ј. наскоро ќе можат да ги гледаат натпреварите од перспектива на играчите на теренот

1150

Семејството Глејзер планира наскоро на навивачите на Манчестер Ј. да им понуди нов начин на следење на натпреварите на клубот со тоа што на дресовите на играчите ќе бидат вградени видео уреди со кои ќе може да се следи текот на еден меч од перспектива на вашиот омилен играч.

Американските сопственици се заинтересирани за технологија која им овозможува на поддржувачите да ги гледаат натпреварите како да се на терен и како да се дел од телото на нивниот омилен фудбалер. Концептот бил промовиран во клубот како потенцијален извор на приходи од поранешниот извршен потпретседател на Јунајтед, Ед Вудворд.

„Големата идеја или можеби големата надеж што ја имаат Глејзерс е појавата на проширена реалност“, велат извори од клубот.

ПретходноДени Илиев одбрани два пенали, Сараево со триумф во Купот
СледноИва Младеновска дебитираше во Лигата на шампиони