Застрашувачко видео доаѓа од Индонезија, каде за жал од удар на гром загина млад фудбалер.
Станува збор за Септајн Рахарџа, страшниот момент се случил додека се загревал. Според извештаите на локалните медиуми, Рахарџа не починал на лице место, неговите соиграчи веднаш му пришле, тој се уште дишел. На крајот починал откако бил примен во болница.
За жал, ова е веќе втор случај во последната година во Индонезија. На социјалните мрежи се појави видео од тој натпревар, односно моментот кога го удри гром, но ги предупредуваме сите дека содржината е вознемирувачка и не е за оние со чувствителен стомак.
Guy was killed by lighting strike in indonesia 🇮🇩 RIP pic.twitter.com/HVzTUyoT8a
— junior (@A_NOLDD) February 12, 2024