Енис Барди потврди дека е во добра форма. Имено тој во последно време се почесто добива минутажа во дресот на Трабзон, а исто така почесто е и стартер.
И кога е така, тогаш капитенот на нашата репрезентација знае што треба да прави, да игра само онака како што знае, а знае многу.
Па така попладнево на средбата меѓу Трабзон и Хатај, нашиот репрезентативец постигна убав гол за 2:0 во 77.минута.
Во последните мигови од мечот Барди беше повлечен од игра, немаше потреба веќе да игра.
🇹🇷 Goal: Enis Bardhi | Trabzonspor 2-0 Hataysporpic.twitter.com/dAFaSs7Efb
— FootColic ⚽️ (@FootColic) February 12, 2024