Денеска во Битола се одржува прес-конференција по повод кошаркарскиот празник кој од четврток до сабота ќе се одржи во овој град. Купот на Македонија кој го носи името на легендата „Благоја Георгиевски Буштур“ ќе се игра во салата „Боро Чурлевски“, домот на Пелистер, кој има намера да ја промени традицијата и да дојде до првиот пехар оваа сезона.
Пред почетокот на официјалниот дел, спортскиот директор на КФСМ, Марјан Србиноски на МЗТ Скопје му го врачи пехарот од Купот на Македонија, кој го освои минатата година.
Кошаркарите на МЗТ Скопје одбраната ја започнуваат против Гостивар.
15.ФЕВРУАРИ (ЧЕТВРТОК)
12.00: (1) МЗТ Скопје Аеродром – (8) Гостивар
14.30: (4) Работнички – (5) ТФТ Моцарт
17.00: (2) Пелистер – (7) Феникс 2010
19.30: (3) Еуро Никел 2005 – (6) Чаир 2030