Лапорта дивеел по дуелот со Гранада, направил хаос во Випот!

813

Жоан Лапорта не може да поднесе Барселона да игра очаен фудбал оваа сезона. Тој многу сакаше тимот повторно да доминира во неговиот мандат, но за негова жал тоа нема да се случи.

Екипата која од клупата ја води легендарниот Чави Хернандез игра исклучително слабо. Барса прима огромен број голови, а вчера Гранада го однесе бодот дома (3:3).

Претседателот на клубот Жоан Лапорта целосно ги загуби нервите поради нов неуспех. Целиот гнев го истури во претседателскиот апартман на стадионот.

„Жоан Лапорта целосно полуде по мечот со Гранада, шутна чинии и фрлаше се околу него во претседателскиот апартман“, пишуваат каталонските медиуми.

Тоа не е се што се случуваше околу претседателот на Барселона. Незадоволните навивачи успеаја да дојдат до него и членовите на управата на клубот.

„Неколку луѓе успеаја да дојдат до нив во випот. Затоа итно мораа да ги зголемат безбедносните мерки“, се вели во соопштението.

Претседателот на Барселона експресно патуваше во соблекувалната по нов кикс. Очигледно имаше што да му каже на тимот.

„Жоан Лапорта, веднаш отиде во соблекувалната и одржа говор пред тимот. Тие го напуштија стадионот околу 12:30 часот“, пренесува каталонското радио.

ПретходноЃорческа и Стоилковска со напредок на ВТА листата, пад од четири места за нашите тенисери!
СледноНе е само Лапорта, Чави бесен како никогаш: Со тупаници маваше по столот (ВИДЕО)