Мурињо никогаш не мирува, го учи јазикот за неговата следна дестинација

263

Успешните луѓе секогаш работат на себе, Жозе Мурињо е еден од нив. Португалецот доби отказ во Рома и покрај тоа што немаше одврзани раце кога беше во прашање составувањето на тимот и немаше доволно пари за сериозни засилувања за да биде конкурентен во борбата за трофеи во Италија.

Сепак, тој ја освои Конференциската лига, па овој период од неговата кариера можеме да го наречеме и успешен.

Се шпекулира дека би можел дури и да замине во Барселона, но има и други тренери кои се пред него на листата на потенцијални наследници на Чави Хернандез.

Она што го откри „Билд“ е дека Мурињо почнал да учи нов јазик, германски. Секако, веднаш почнаа шпекулациите за Баерн Минхен, каде Томас Тухел е во неволја по поразот од Леверкузен.

Дали мислите дека ќе успее да ја освои Лигата на шампионите со Баерн?

ПретходноНовак Ѓоковиќ 412-та недела на врвот, Алкараз му „дише во врат“
СледноКФСМ ги пушти билетите во продажба: Македонија – Естонија за 250 денари