Како што одминува времето се чини дека во ПСЖ, полека но сигурно се спремаат за ерата после Килијан Мбапе. Иако катарските шеици му понудија баснословен нов договор, тешко дека тој ќе остане во Париз.
Па токму затоа челниците на ПСЖ, пред се претседателот Насер Ал – Келаифи има намера во јуни да потроши неверојатни 300 милиони евра и со тиа пари да купи две мега – ѕвезди.
Тоа се Виктор Осимен кој во Наполи има откупна клаузула од 130 милиони евра, а вториот е Рафаел Леао од Милан, кој пак е слободен за 170 милиони евра.
Јасно е дека со овие двајца ПСЖ и дефинитивно нема да “плаче“ по Мбапе.