Овој понеделник Новак Ѓоковиќ ја започна 412-та недела на врвот на АТП листата. Српскиот тенисер има 9.855 поени, а втор е Карлос Алкараз, кој има само 600 поени помалку (9.255). На третото место е Данил Медведев со 8.765 бодови.
Во топ 10 се и: Јаник Синер, Андреј Рубљов, Александар Зверев, Холгер Руне, Хуберт Хуркач, Тејлор Фриц и Стефанос Циципас.
Ѓоковиќ нема да игра до 6 март кога беше најавено учеството на Мастерсот во Индијан Велс. Доброто е што кога е во прашање првото место, Ѓоковиќ до почетокот на април треба да одбрани само 180 поени, додека Алкараз треба да одбрани 1.910, Медведев 2.850, Синер 1.510.