Македонскиот првак, Пелистер по победата над Вардар во дербито во плеј-офот целосно се врти кон Лигата на шампиони. Тука битолчани се уште го бараат првиот триумф, имаат 10 порази во низа и се последни на табелата во групата А.
Новиот предизвик за Пелистер е ПСЖ, во салата „Боро Чурлевски“ гостува во среда (18:45 часот).
Од клубот информираа дека билетите се пуштени во продажба по цена од 450 денари, а од ракометарите посакуваат полни трибини за сензација во вториот дел од групната фаза во Лигата на шампиони.
„Еурофарм Пелистер ги информира своите симпатизери, навивачи и љубители на ракометот дека започнува продажбата на поединечните билети за натпреварот од 11. коло на групата А на ЕХФ Лигата на шампионите меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ. Натпреварот ќе се одигра в среда (14 февруари 2024 година) во 18:45 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
– Поединечните билети по цена од 450 денари (странични места на трибините) и 550 денари (централни места на трибините) ќе се продаваат во DIMPO Тобако и преку интернет продажба – https://kartieurofarm.mk/
– Сопствениците на сезонските билети имаат обезбедено место на трибините“, велат од Пелистер.