Скандалозно: Српски клуб казнет со одземање на 6 бода поради местење!

1374

Уште еден скандал го “тресе“ фудбалот во Србија. Имено надлежните во Фудбалскиот сојуз на оваа земја, го казнија Раднички од Нов Белград, член на Првата лига која е еквивалент на нашата втора лига, со одземање на 6 бода.

Ова е поради фактот дека на 11 декември минатата година, Раднички намерно загубил со 5:0 на гостувањето кај Текстилец.

Покрај ова клубот парично е казнет и со 4 милиони српски динари.

Инаку ова доаѓа откако УЕФА интервенираше поради овој случај па ФСС сакале или нејќеле морале вака да реагираат.

Иако јасно е дека казната е смешна.

ПретходноОва е Сара….девојката на Миовски! (ФОТО)
СледноНема да им треба Мбапе: ПСЖ во јуни со 300 милиони евра ќе купи две мега – ѕвезди!