Реал Мадрид утре му гостува на РБ Лајпциг во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.
Поради штрајкот на аеродромот во Лајпциг, Реал мораше да го одложи патувањето до крајот на викендот. Наместо директен лет за Лајпциг, авионот на Реал утринава слетал во Ерфурт, а потоа играчите се префрлиле во клупскиот автобус. Екипниот автобус и уште едно возило требало да одат по најбрзата рута до Лајпциг, но на пат се случила сообраќајна несреќа, пишува Билд.
На автопатот А4 бела Тојота Авенсис изгубила контрола и удрила во автобусот. Немало повредени во несреќата, немало ни некоја поголема штета. По кратко застанување автобусот продолжил по патот и попладнето пристигнал во Лајпциг.