Берат Калкан (20) за уште посилен Гостивар. Офанзивецот кој е роден во Истанбул, играше и за младинските селекции на Македонија, како член на Касимпаша во следниот период ќе игра за Гостивар и тоа како позајмен играч.
Се разбира дека со Берат Калкан екипата од Гостивар ќе биде уште посилна, има на располагање огромен фонд на екстра квалитетни играчи за наши услови.
Но сепак да почекаме како тоа ќе изгледа на теренот. Не секогаш имињата во фудбалот играат заедно добро и квалитетно.
Инаку Берат Калкан играше во саботата за Гостивар на “генералката“ со Тиквеш.