Поранешната македонска репрезентативка, Јелена Антиќ одлучи да направи трансфер од стручниот штаб на „црвено-жолтите“ да се пресели на клупата на женската кошаркарска репрезентација на Србија.
Првото искуство на Антиќ со овој национален тим е полн погодок, таа ќе биде дел од Олимписките Игри во Париз, откако Србија благодарение на Германија успеа да го завери билетот за Игрите.
Србија синоќа во последното коло загуби од Австралија со 73:75, а во квалификациите за Олимписките игри и помогна селекцијата на Германија која го совлада Бразил со 73:71.