Јувентус изгуби од Удинезе на домашен терен – во Милано тријат раце!

373

Фудбалерите на Јувентус впишаа пораз од Удинезе со 0:1 во 24 коло на Серија А. Се играше 25 минута кога Удинезе стигна до предност, а Лаутаро Џанети одбиената топка ја испрати во мрежата.
Само четири минути подоцна Јувентус можеше да изедначи, но шутот на Милик заврши преку голот. Полјакот имаше шанса и пред крајот на првото полувреме, кога неговиот удар со глава со одбрани Окоја.
Во вториот дел, Макс Алегри направи големи промени во екипата но Јувентус не успеа да стигне до гол. Последната шанса ја имаше Мекени во 91 минута кога шутираше покрај голот.
Удинезе слави голема победа, а Јувентус загуби драгоцени бодови во трката за титулата. Интер останува прв со 60 бодови, Јувентус има 53 и меч повеќе од Интер. Удинезе направи голем чекор во борбата за опстанок.

ПретходноЖарко Паспаљ итно oпериран
СледноЧелзи во финишот успеа да направи пресврт против Кристал Палас